
Блокови-најчести прашања
Дали имате превоз?+
Превозот за сипорекс блоковите е возможен само за Скопје. Истиот е бесплатен за сметка над 10.000ден.
Ако сметката е од 3.000ден до 10.000ден, доплата од 500ден за превоз.
За надвор од Скопје превоз може да се организира само за шлеперски количини со ваш истовар. Цените и условите во тој случај се договараат дополнително.
Зашто сипорекс блоковите?+
Сипорекс блокови со димензии на блоковите: должина 62.5 cm и висина 25 cm. Овие димензии се еднакви за сите блокови. Променлива е само нивната дебелина во границите од 5 до 20 cm. За ѕидање на 1m2 секогаш се потребни 6.4 блокови, независно од дебелината. 10-15cm се користат за ѕидање на преградни ѕидови додека 20cm се за градба, помалите блокови се погодни за ситни зафати како за подѕидување на шанкови,кади,постоља и тн.
Сипорекс блоковите во однос на традиционалните блокови имаат многу предности:
- мала тежина - 2 пати полесен од традиционалната градба,ова се должи на структурата на сипорекс блоковите,каде само 20% од волуменот преставува полна маса,останатите 80% се пори поради кој сипорекс блоковите имаат и големата топлотна изолација
- топлотна изолација - Познато е дека воздухот во мирување т.е воздухот затворен во мали ќелии е најголем изолатор,а составот на сипорекс блоковите е гас бетон од кој 20% е полна маса останатите 80% се пори кој ги прават сипорекс блоковите 9 пати подобри изолатори од бетонот,3.5 пати подобри изолатори од керамичките цигли и 3 пати подобри изолатори од тулите.
- звучна изолација - ова својство ги прави сипорекс блоковите идеални за преградни зидови,како за пример преграден зид од дебелина 15цм дава звучна изолација од Rw = 41 dB кој ги задоволува најстрогите критериуми за преградни зидови.
- парапропусност - околу 5 пати од онаа на обичниот малтер поради која зидот диши и апсорбирајќи го вишокот влага во просторијата и спротивно.
- цврстина - класи на отпорност Б2.5 и Б5 кои му овозможуваат да биде користен како носив конструктивен материјал за зидови.
- лесна обработка - Сипорекс блоковите можат да се сечат,коваат,лепат и дупчат. На самото лице место блоковите можат да се приспособат со најосновниот алат како што налага ситуацијата.Во самите блокови можат да се длабат канали,да се порабуват и да се прават отвори.
Што ако има крш?+
Се работи за роба составена од керамика,глина,бетон која неможе секое парче да биде во идеална форма и крш до 5% од вкупната нарачка се смета за нормален. Секако ако имате крш над 5% од робата, се прави рекламација и се заменуваат блоковите.
Рекламирање е можно само на лице место односно при достава на материјалите или при самото подигање од кај нас. Рекламации отпосле достава или подигање од кај нас, не се прифаќаат поради што неможеме да бидеме одговорни за понатамошното ракување и складирање на материјалот.

Сипорекс блок
Димензија на блок 62cm x25cm
6.4ком во м2
Дебелини:
5cm = 90ден/парче
10cm = 120 ден/парче
12.5cm = 145ден/парче
15cm = 175ден/парче
20cm = 235ден/парче
-10% попуст за цела палета подигната од магацин!

Лепак за Сипорекс
Градежно лепило за проботен блокови.
Потрошувачка 4-6м2 со една вреќа

Блок 20 х 25 х 25
намена: Стандарден блок за ѕидање на надворешни ѕидови во станбени и деловни објекти.
16 парчиња/м2

Блок 16 х 33 х 25
намена: Ѕидање на надворешни ѕидови во помошни објекти и станбени објекти.
12 парчиња/м2

Блок 12 х 33 х 25
намена: ѕидање на внатрешни преградни ѕидови или надворешни сендвич систем ѕидови.
12 парчиња/м2

Полна тула
намена: ѕидање и опшивки на оџаци, пополнување, ѕидови и друго.
64 парчиња/м2

Гитер мазен
Мазна тула црвена која може да се користи за повеќе намени како за фасаден ѕид, подзидување, декорација и слично . 55ком/м2. Производство Грција.
64 парчиња/м2

Термо Блок 20
Термо блок 20*24*38 од грчко производство. Блокот е со екстра комори и со жлебови за подобра изолација. 60 парчиња во палета.
11парчиња во м2.

Блок оџак Кб2
Блок оџак кој се користи за вентилација или изведување на оџак.
5 парчиња во м1

Блок оџак приклучок
намена: за приклучок на грејно тело.

Блок оџак ф180
намена: ѕидање класичен оџак со опшивка.
3 парчиња во м1

Блок оџак ф250
намена: ѕидање класичен оџак со опшивка.
3 парчиња во м1