Прозорите и вратите се едни од најкритичните места за топлинска и звучна изолација. Доколку немате соодветни прозори топлинските загуби може изнесуваат и до 50% од целокупоното загревање. Затоа ваквата инвестицијата се враќа во краток рок. За разлика од другите пвц производи на пазарот, продаваме систем составен од Германски профил и оков кој се произведуваат и склопуваат во модерна високотехнолошка фабрика под најстроги европски критериуми.
Најчести прашања-ПВЦ
Како да добијам цена ?+
Како да направам нарачка?+
Имате демонтажа?+
Прво да дојде некој да види?+
Ако има разлики во димензиите?+
Зашто да купам од вас?+
Монтажа на ролетни и комарници?+
Ми треба ПВЦ влезна врата?+
Во продолжение опциите на профил,термопан и оков кој ги нудиме:
Термопан стакло од производителот Guardian е со двојна заптивка, првата е дистанционерна алуминумска рамка, наполнета со молекуларно сито обложено со битулит кој служи како бариера на водена пара. Комората е исполнета со агрон гас. Овој ваков специфичен вид на заптивка кај термопанот не дозволува навлегување на влага на прозорот, кој се јавува кај нискоквалитетни термопани и освем изолационите својства го штити прозорот и му дава долговечност. Вториот вид на заптивка е надворешното затварање на термопанот со висококвалитетните полисулфид, полиуретан или силикон со модерна фабричка технологија. Термопанот може да биде двоен или троен термопан.
-сигурносно триплекс стакло - по избор на клиентот, термопанот може да биде од специјално триплекс ламирирано стакло кое неможе да биде скршено и обиено, со што значително се зголемува безбедноста на објектот. (доплата ≈ + 7еур од м2)
-Топол Кант- или High Selective дополнителна опција која може да се избере како замена за стандардниот алуминиумски дистанцер. High Selective дистанцерот има дополнителни топло-изолациони карактеристики кој го намалува коефициентот на премин на топлина за 7% како и спречува појава на кондезација и мувла. (доплата≈+7%)