• Македонски
  • English

ПВЦ прозори и врати

Прозорите и вратите се едни од најкритичните места за топлинска и звучна изолација. Доколку немате соодветни прозори, буквално парите ќе ви летаат низ прозор. Затоа инвестицијата во пвц прозори и врати се враќа за многу брзо време. Како продолжение на фасадните,термо и хидро изолациони решенија, ви ги преставуваме ПВЦ прозори и врати, кој за разлика од другите пвц производи на пазарот се произведуваат и склопуваат во модерна високотехнолошка фабрика под најстроги европски критериуми. -10% попуст за нарачки над 25 000ден!   

*ПРИМЕР ЦЕНОВНИК*

1.Профил: Трокал германските профили се изработени така да овозможат , голема звучна и топлинска изолација, постојаност на бојата, додека челичните прачки во профилот даваат сигурност и трајност од извиткување и деформирање но и од провала и кражба. Можност за избор на ширина на профилот од:

70мм( Uf -до 0,95 W/m2K) 5 коморен профил 

76мм( Uf -до 0,90 W/m2K) 5 коморен профил

88мм( Uf -до 0,80 W/m2K) 6 коморен профил

Можност за ибор од повеќе бои и дезени. Made in Germany  *спецификација профили*

 


2.Стакло: Стаклото кај еден прозор учествува со 80% од површината, затоа обрнете внимание кај термопанот највеќе. Прозорите што ги нудиме се со стакло од светскиот производител Guardian кој со своето долго искуство ни гарантира стакло од прва класа. Двојното термопан стакло е со двојна заптивка, првата е дистанционерна алуминумска рамка, наполнета со молекуларно сито обложено со битулит кој служи како бариера на водена пара. Овој ваков специфичен вид на заптивка кај термопанот не дозволува навлегување на влага на прозорот и замаглување на стаклата, кој се јавува кај нискоквалитетни термопани и освем изолационите својства го штити прозорот и му дава долговечност. Вториот вид на заптивка е надворешното затварање на термопанот со висококвалитетните полисул­фид, полиуретан или силикон со модерна фабричка технологија. Можност за избор од повеќе комбинации на термопан:

-двоен термопан- Две стакла, од кој внатрешното е -нискоемисионо -К (прва слика, кој ги пропушта само топлите бранови, ги одбива ладните)-следи исполна со аргон гас во меѓупросторот, и надворешно сакло кое може да биде обично или -високоенергетско стакло 4 сезони (втора слика) одбива и ладни и топли бранови, со микрофилм кој одбива дури 80% од топлината а пропушта многу светлина 70%, Се препорачува за страни кои се под голема изложеност на сонце. 

-троен термопан- Три стакла, две комори, од кој внатрешното е секогаш К-нискоемесионо додека надворешното крајно, може да биде обично или високоенергетско 4сезони стакло. Тројниот термопан поради двете комори, и трите стакла, има многу поголема термо и звучна изолација од стандардниот двоен термопан, и спречува "потење" и појава на кондезација на стаклото.

-сигурносно триплекс стаклопо избор на клиентот, термопанот може да биде од специјално триплекс ламирирано стакло кое неможе да биде скршено и обиено, со што значително се зголемува безбедноста на објектот. Оваа опција кошта само + 5еур од м2. *видео*

 


 

 

3.Оков: Зашто оковот е тој што е најподложен на механички секојдневни влијанија, во прозорите и вратите се вградува германскиот WinkHaus висококвалитетен оков. Со цел да гарантира издржливост на пвц прозорите и вратите, сите производи се со модуларен систем Auto Pilot Concept на фирма WinkHaus (Германија). Специјалнoто прохромско облагородување на површината го прави оковот трајно отпорен на корозија и одгова­ра на највисоки барања.  Можност за избор од стандарден Pro Pilot оков или понапредниот Active Pilot оков кој е со поиздржлив и потраен механизам и со лагери на рачките. 

 


 

4.Надворешни ПВЦ даски: За надворешен естетски и практичен финиш на прозорите , ви ги преставуваме ПВЦ даските од производителот VOX кој се естетски модерни, долготрајни и отпорни на надворешни влијанија и УВ зрачење, и за разлика од лимените не подлежат на корозија, бледеење и се тивки при дожд како и многу лесни за чистење.     *проспект*   *цени*


 

 5.Внатрешни ПВЦ даски: За внатрешен завршеток на прозорските места, заштита и естетика на делот под прозорот ви ги преставуваме внатрешните ПВЦ даски кој исто како и надворешните имаат одлични одлики кога станува збор трајност,отпорност на гребење и механички влијанија, лесно одржување, естетика и дизајн


 6.Ролетни: Набавката на прозори и врати не завршува со монтажата на самиот прозор. За поголема сигурност и изолација изберете пвц или алуминиумски ролетни од нашиот избор, кој се изработени секогаш по највисоки стандарди со алуминиумска кутија, алуминиумска прва ударна ламела, рамки алуминиумски со изолациони четки, и ламели исполнети со изолација.

ПВЦ
ПРИМА

тип монтажa: челно/ надворешно 
ламела: PVC ламела 43 мм 
бои (ламела): Само бела 
кутиjа вид: AL кутиjа 45° 
бои (кутиjа):Бела и по избор
димензии кутиjа(см): 137/150/165/180/205 
водач: AL водач 
терминал: AL терминал 
управување: автомат, курбла, ел. мотор 

 

АЛУМИНИУМСКА
МИНИ

тип монтажa: челно/ надворешно 
ламела: AL ламела 39 мм 
бои (ламела): Бела, или по избор во боја.
кутиjа вид: AL кутиjа 45° 
бои (кутиjа):Бела и по избор
диманции кутиjа(см): 137/150/165/180/20 
водач: AL водач 
терминал: AL терминал 
управување: автомат, курбла, ел. мотор


АЛУМИНИУМСКА
МИНИ ОВАЛНА

тип монтажa: челно/ надворешно 
ламела: AL ламела 39 мм 
бои (ламела): Бела и по избор
кутиjа вид: AL кутиjа овална 
бои (кутиjа): бела и по избор
диманции кутиjа(см): 150/18 
водач: AL водач 
терминал: AL терминал 
макс. плош: 6 м2 
управување: автомат, курбла, ел. мотор

АЛУМИНИУМСКА или ПВЦ
РЕЛАКС вградена

тип монтажa: вградена 
ламела: AL ламела 39 мм или ПВЦ
бои (ламела): Бела и по избор
кутиjа вид: PVC кутиjа 90° 
бои (кутиjа): бела и по избор
диманзии кутиjа(см): 160/200 
водач: PVC водач 
терминал: AL терминал 
макс. плош: 6 м2 
управување: автомат, курбла, ел. мотор

 


 

 

7.Комарници: Комарцните се изработуваат по мерка и се земаат во предвид градежните услови. 

- Се изработуваат од висококвалитетни алуминиумски рамки и мрежи изработени од стаклени влакна со покритие од тефлон кој ги прават издржливи и трајни.

- Не бараат скоро никаква грижа

- Не ја намалуваат видливоста низ прозорецот

- Постои можност за фарбање на алуминиумските профили во боја

- може да се монтираат на секаков вид на прозорци и врати

Се предлагаат 3 основни вида на мрежи против инсекти: фискни со шарки, роло и плисе. 

 цени : фиксeн и врата ~10 евра м2   роло и плисе~35 евра м2


 

Ројал Инвест - Се на 1 место © сите права задржани
Ројал Инвест не одговара за точноста на информациите калкулаторите и техничките податоци кој се превземни од производителите на презентираните материјали, пред употреба ве молиме консултирајте се со стручното лице кое ги изведува градежните работи. Некои слики се симболични, го задржуваме правото на печатни грешки промени во цените понудите и податоците на оваа страна.