• Македонски
  • English

Oџаци

INOX ОЏАЦИ СО ИЗОЛАЦИЈА

 

Купивте печка не пелет, таму каде што сакате да ја поставите нема оџак? Или постоечкиот оџак е стар и не е во фукција? Имаме решение:

Само во Ројал Инвест, Ви ги преставуваме Иноксните оџаци од Европско производство според строгите ЕУ критериуми кој се направени од двоен дебелозиден висококвалитетен ИНОКС кој имаат вградено термоизолација за да нема појава на конденз. Исто има изобор и на цевки инокс без изолација кој би се користеле за приклучување на грејното тело до оџакот. Избор на отвори е од Ф80 Ф100 или Ф150(над ф150 по порачка) во зависност од тоа дали користите печка на пелет или печка на дрва. Предности на ИНОКСНИОТ оџак:

-Изолиран двоен дебелозиден Инокс поради што е невозможно да се појави кондензација

-Мазна и глатка нерѓосувачка површина на која не може да се налепи саѓи и хемикалии

-Поради микроскопски мазната површина оџакот влече и протокот е непречен

-Цврст и дихтувачки спој без лепаци и ѕидање

-Лесна и експресна монтажа која може да ја  обави било кој

-Мала тежина и беспрекорен изглед

-Можност да се премести подоцна оџакот според потреба.

-Голем животен век, без трошоци за одржување(нема потреба од оџачар)

-Слики од изработени објекти и оџаците клик тука

 

*ЦЕНИ ОЏАК ИНОКС*   *ЦЕНИ ЗА Ø ПО НАРАЧКА*

 

Многумина ставаат само обични неизолирани цевки надвор. Тоа доста се практикува кај печките на пелет зашто се верува дека за овој вид на греење нема потреба од оџак. Апсолутно неточно. Доколку се постават само обични неизолирани цевки, се ствара кондезација, а со кондезацијата влага, со што може трајно да ја оштети скапо платената печка. Поради кондезот, задржувањето и лепењето на саѓи и наслаги е десткратно зголемено со што потрошуваката на пелет и задушувањето се значително зголемени. Доколку настане проблем кај печката на пелет а димоводниот надворешен дел е неизолиран, тогаш ниту еден производител нема да ја признае гаранцијата на печката. Затоа ви нудиме решение:

Да ѕидате и да подигате класичен оџак од тули или оџак од систем на делови е напорна, долготрајна и тешка работа. Настрана мачната работа, оџаците од тули и керамика уште пред подолго време се забранети во ЕУ поради виоскоиот ризик од предизвикување на пожар бидејќи не се киселоотпорни на киселините и хемикалиите што се наталожуваат поради хемиската реакција на саѓите со воздухот. Поради тоа саѓите се лепат на површината и на малтерот, предизвикувајќи микро пукнатини низ кој подоцна се јавуваат протекувања, конденз, димење, наталожување на саѓи и опожарување. Со тек на време поради тие миктропукнатини оџакот се помалце и влече со што се зголемува потрошувачката на дрва или пелет. Со оглед на штетите што подоцна со сигурност ќе ги претрпите со стандардните оџаци, одржувањето на истите и не испаѓаат баш најефтина варијанта.

Флексибилни ИНОКСНИ црева за приклучување на грејните тела од пелет до оџакот. Составени се флексибилен ребраст слој . Идеални за незгодни ситуации каде приклучокот со оџакот неможе или е многу комплицириан да се изведе со стандардните делови и приклучоци. Отвори на цевките Ф80/ф120 , Ф150.

 


 

 

 

 

 

 

Ројал Инвест - Се на 1 место © сите права задржани
Ројал Инвест не одговара за точноста на информациите калкулаторите и техничките податоци кој се превземни од производителите на презентираните материјали, пред употреба ве молиме консултирајте се со стручното лице кое ги изведува градежните работи. Некои слики се симболични, го задржуваме правото на печатни грешки промени во цените понудите и податоците на оваа страна.