Еднокомпонентен производ со пастообразна конзистенција на база водена полимерна дисперзија односно течна гума. Премаз од "ISOFLEX-UNIVERSAL" поседува следниве технички квалитети:

  • отпорност на атмосферски влијанија
  • водоотпорност и водонепропустливост
  • отпорна на температура од -25 до + 120º C
  • пропустливост на пареа
  • отпорност на пукнатини
  • трајна еластичност

ПРИМЕНА:

Хидроизолација на: кровови, подови, балкони, базени, бањи, фонтани и многу повеќе.
Поправка и реновирање на стари водоотпорни облоги, вклучувајќи ги и битуменски материјали.
Заштита на хидроизолација на подземни делови од згради, керамички плочки, околу прозорец, оџаци, итн.
Заштита од влага на метални површини (алуминиум, бакар, поцинковани, итн).

ЦЕНА   ≈ 315ден/м2    

 

 


 

ИЗОЛАЦИИ ЗА КОНДЕНЗАЦИЈА, ВЛАГА И МУВЛА

 

apsorber_za_vlaga.png
Апсорбер за влага

Апсорбеот за влага успешно го остранува вишокот на влага кој неприметно се вовлекува во мебелот, теписоните, облеката, ѕидовите и во самите бели дробови, притоа создавајќи услови за појава на алергени, грип, бактерии и мувла кој доведуваат до појава на инфекции на дишните патишта и ревматски болки во коските. Многу важна карактеристика на овој апсорбер што го разликува од другите на пазарот, е што влагата ја претвара во ГЕЛ со што е оневозможено истата пак да циркулира во воздухот и да ја троши ампулата. Другите апсорбери на влага , апсорбираната влага ја претвараат пак во течна состојба што повторно и повторно испарува и кружи во воздухот и ја троши ампулата.

Видео

Цена
399 ден/парче
stop_kondenz.png
Стоп конденз

Се нанесува од внатрешна страна пред кречење - може да се префарба или тонира. StopKondenz е премаз со специјална формула и содржи честички од минерален прав кој впиваат термичка енергија, и подоцна ја емитуваат  со цел да се ублажи температурната разлика на ѕидот со што трајно и ефикасно се спречува појавата на кондензација и мувла кој се многу штетни по здравјето. 

Пред употреба ѕидот се чисти со што се остранува мувлата , се нанесува Stopkondenz во два или три слоја , на површина поголема за 20cm од зафатената површина од кондезацијата и мувлата. Преку сувиот слој може да се префарба со бои на водена база.    Потрошувачка 0.7л/м2

Видео

Цена
750 ден/0.75л
perma_vajt.png
Перма Вајт

Латексна боја која спречува појава на мувла, завршна боја на водена база која спречува појава и развој на штетната мувла гарантирано најмалце 5 години. Премазот создава траен, јак, издржлив, водоодбивен слој кој може да се чисти со влажна крпа, ја одбива прљаштината и спречува создавање на мувла и габи најмалце 5 години. Целосно здрава и безбедна за користење во било кој простории.  Може да се нанесе на ѕидови и плафони преку глет маса, гипс картон, постоечка боја, метал, лим, стакло, дрво и сл. Може да се тонира во голем избор на нијанси од тон карта.

Претходно мувлата треба да се исчисти. По потреба се нанесува во два слоја.  Потрошувачка: 1л/5м2 во два слоја. 
Видео 
 

Цена
750 ден/1л
traka.png
Цокле Трака

Самолеплива изоалциона флексибилна широка ISOMAT 12cm трака за поставување кај споевите помеѓу ѕидот и подот во простории каде што има присуство на влага како кај купатила и кујни. Кнауф Траката се поставува пред премачкување на хидроизалацијата и поставување на плочките или завршниот дел. Протекувањето кај купатилата и кујните секогаш се случува кај споевите меѓу ѕидот и подот а особено доколку ѕидот е поставен од гипс картон плочи. Траката оневозможува да се појават пукнатини и процепи низ кој влагата и водата би продреле. Задолжителна примена кај купатила каде ѕидовите се изработени од гипс картон табли. Произведена од реномираниот  производител ISOMAT.

Видео

Цена
730ден/10м
sk_cleaner.png
СК клинер

Средство за отстранување и спречување на мувла кој брзо и ефикасно ја одстранува мувлата и спречува повторна појава на истата. Употреба за ѕидови, кујни, купатила и санитарии.

Препорачливо е да се користи како задолжителен чистач на површини пред нанесување на Стоп конденз или Перма вајт премазите. Може да се користи и самостојно за одстранување на површинска мувла во просториите. Се нанесува со прскање, се остава да делува и потоа површината длабински се чисти со четка или крпа. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството на производот.

Видео

Цена
315ден/парче
vaser_diht.png
Васер дихт

WASSERDICHT адхезира на сите видови материјали кои се користат во градежништвото и домот: терхартија, салонит, ќерамиди, цигли, ПВЦ, алуминиум, цинк, олово, камен, бетон.  Трајно ги запечатува и ги затнува сите пукнатини, дупки и спојки и оневозможува продор на влага,чад, рѓа, корозирја. Создава цврст и еластичен слој кој одржи фибер влакна кој создаваат трајна и еластична врска. Идеален за користење кај пукнатини и дупки на кров, олуци, ѕидови, оџаци.Се нанесува неразреден со широка четка во дебел и широк слој, на претходно добра исчистена површина со одстранети лабилни делови.

 

Цена
1120 ден/0.75л
rusteoleum.png
Растолеум

Rusт-Oleum е гумиран заштитен премаз за пополнување и зачепување на пукнатини, дупки и споеви, спречува продор на влага, рѓа и корозија. Формира полу рамен цврст еластичен завршен слој кој нема да истече или падне, а може да се префарба со бои на уљена база или на база на латекс. Може да се нанесе скоро на секоја површина како метал, алуминиум, лим, цигли, ќерамиди, ПВЦ, бетон, асфалт, пластика, салонит, и тн... Идеален за тешко достапни места,со распрскувањето се овозможува продор и до најнедостапните места. Достапен во бела и црна боја.

Видео

Цена
680ден/парче
leakseal.png
Лик сиал

LEAK Seal самолеплива трака адхезира на било која површина,трајно затвара и зачепува пукнатини, отвори, и процепи, на било кој цилидрични форми како цевки, црево, жици и сл. Формира херметичка јамка, формира водонепропусна врска со самолепење. Траката е исклучително издржлива и флексибилна и може да се употребува буквално во сите екстремни услови. Отпорна на висок притисок, високи и ниски температури(од -650 до 2600C), отпорна на корозија, киселини, масла, разредувачи и сл, како и отпорна на високи напони до 8000волти.

Видео

Цена
600 ден/трака 3м
flomaster_za_fugi.png
Фломастер за фуги

Сигурен и едноставен начин да фугите на керамичките плочки во бањите, кујните, изгледаат како нови. Нема потреба да се мачите обидувајќи се да ги избелите валканите фуги. Фломастерот за фуги е најбрз и најефтин начин за да ги промените или освежите боите на вашите фуги. Маркерот е нетоксичен, без мирис, покрива 53метри фуга, ги прекрива сите дамки, бргу се суши, антибактериска формула против мувла, водоотпорен, траен, достапен во повеќе бои(бела, сива, беж), сигурен за деца и миленичиња. Спречува појава на мувла и прљаштина на самата фуга.

Видео

Цена
310 ден/парче

 

maxidis_f.png
Боја отпорна на мувла

MAXIDIS F е внатрешна, водоотпорна, акрилна  боја, високо отпорна на габи и мувла со извонредна покривнос. Се одликува со голема белина, пропустливост на пареа и отпорност на влажно чистење.
Потрошувачка175-300ml/m² за два слоја

Цена
150ден/0,65Л                       395ден/3л                       1570ден/15л
maxicid.jpg
Средство за чистење мувла

MAXICID Standard е премаз со  специјални фунгициди и алгициди. Се користи за уништување на ѕидни алги и мувла на внатрешни ѕидни површини. Дејствува против најчестите видови на ѕидни алги и габи, а зелените ѕидни алги по третманот со MAXICID Standard целосно се губат.

Цена
100ден/500мл
up-sanitar-neutral.jpg
Санитарен силикон

Санитарен Ацетатен силикон за пополнување на предели што се под констатна влажност. Решение за пополнување на просторот кај мивалници, туш кабини , санитарии и сл. Не фаќа мувла и габи. Постојан од -40°  до +180°
 

Цена
125ден

БИТУМЕНСКИ ИЗОЛАЦИИ

 

pokle_ikona.png
Покле - Терхартија

Покле или ТЕРХАРТИЈА е производ од програмата "Битуменизиран покривен картон" и всушност е суров картон импрегниран со битумен, од двете страни обложен со битуменска маса и заштитен со погоден минерален материјал (песок). Служи за изолација од вода и влага. Примена: Покривната лепенка "ПОКЛЕ" поради едноставниот начин на вградување, има широка примена и тоа за: привремена заштита на објекти, материјали и сл. од атмосферски талози,
- заштита на привремени објекти, отворени складишта, настрешници, шупи, бараки и др.,
- заштита на термоизолација, посебно на покриви, кога ќе се постави под битуменска шиндра, ќерамиди и сл. - како меѓуслој при изведување на вертикални и хоризонтални хидроизолации.

Цена
425ден/10м2 (со песок). 585ден/20м2 (без песок)
bimplast_ikona.png
Бимпласт

Бимпласт е хидроизолациска лента за заварување на база битумен, полимер, полнила и влошка (стаклен воал, стаклена ткаенина и полиестерски филц) Бимпластот е хидроизолациска лента со голем дијапазон на стабилност од ниски до високи температури, спаѓа во редот на поквалитетните ленти за хидроизолација. Хидроизолацискиот систем дава стабилност, трајност, едноставност за примена и добра приспособливост.

Примена - Бимпластот се применува за изведување на повеќеслојни хидроизолациски системи на покрив или под земја(темели,подруми,ѕидови) во два или повеќе слоја, самостојно или во комбинација со други ленти.Се вградува со преклоп од 10цм со заварување односно со топење со бренер.

Цена
820ден/10м2 V3            1050ден/10м2 V4
tefond_ikona.png
Тефонд

Пластична фолија за хидро заштита на темели, подземни гаражи, подруми и тн.Тефондод се опшива околу темелите на објектот, се фиксира на одредени точки во зависност од специфичноста на изведбата.Во долниот дел на темелот со поставување на пластична цевка се формира блага закосеност се со цел дивертирање на надојдените води и влага назад кон долните слоеви на почвата,или како заштитна обвивка на бимпластот.Примена - Тефондот се применува како задолжителна заштита на објектите од влага во делот на темелите од надворешната страна,како  заштита на индивидуални куќи, станбени згради, подземни простории, тунели и подземни гаражи, потпорни ѕидови .

Видео

Цена
66 ден/м2
bitulit_ikona.png
Битулит

Битулит е материјал за хидроизолација со органски растворувач. Се применува како ладен премаз и како подлога во системот на ленти за хидроизолација. Се користи за изолација на темели, ѕидови, подови, рамни кровови и тераси, а и како заштита на метал од корозија, на дрвото од влага и на водоводни цевки. 

Начин на примена: Се нанесува во ладна состојба со премачкување со помош на четка или ваљак, во еден слој на температура над 10C. Пред и после употребата, Битулитот се одржува во течна состојба со мешање. Површината мора да биде сува и чиста. Потрошувачката зависи од порозноста на подлогата и изнесува од 0,3 до 0,5kg/m2.  

Цена
395ден/4.5кг
bitumen_ikona.png
Битумен

Битумен е производ за топла постапка со или без неоргански полнила, кој се топи на температура до 180C. Се применува во градежништвото како средство за изведување хидроизолација за надземни и подземни работи, за изолација на темели, подрумски ѕидови, подови на тло, рамни кровови и тераси, за заштита на водоводни цевки и елементи. Примена: Растопениот битумен се нанесува на сува подлога претходно подготвена со битулит. Загревањето на битуменот се врши во оригиналната амбалажа. Топлиот премаз од битумен се нанесува со разлевање, а потоа со развлекување со специјални рамналки. Потрошувачка 1,5-2kg/m2 во еден слој дебелина од 2mm.

Цена
980ден/20кг
bimizol_ikona.png
Бимизол

Бимизол - Еднокомпонентен хомоген премаз во вид на паста на база на битумен, полимер, растворувачи и полнила. Се применува по ладна постапка без претходно растворување или загревање што го прави доста практичен.

Примена: хидроизолација на рамни покриви,  (продори, сливници, атика, кровни завршетоци);
- хидроизолација на бањи, перални, изолација на надворешни ѕидови, подови во подземни простории,темели.
- антикорозивна заштита на нови лимени површини, вкопани резервоари 
- при обработка на тунели, изолација на резервоари, каптажи и сл
- репарација на стари изолации.   

Цена
500ден/4.5кг                 1950ден/20кг

АДИТИВИ И ДОДАТОЦИ

 

hidromal_fleks.png
Хидромал Флекс

Двокомпонентен систем за изведба на еластична хидроизолација на цементна основа. Се применува за хидроизолација подрачја кој се под интезивно влијание на влага, како базени, таложници, пречистителни станици, подземни објекти, балкони, шахти и купатила.Се нанесува со премачкување во повеќе слоеви.Доста практичен и лесен за употреба.  Потрошувачка 8м2 со едно паковање.

Видео

Цена
1296 ден/10кг
vrska_u_ikona.png
Врска - У адитив

Задолжителен премаз за подготвување на секоја подлога пред изработка на фасади, лепење плочки, глетување и молерисување и други градежни работи.Додаток за подобрување на лепливоста, еластичноста и водоотпорноста на малтерските и бетонските системи. Најчесто се применува при репарација на бетонски конструкции. Потрошувачка 80м2/1л

 

Цена
175ден/1л     847ден/5л
hidrofob.png
Хидрофоб

Додаток за водонепропусност на бетонот. Се додава при мешање на бетонот Се применува при изработка на темели, плочи, подруми, фундаменти, базени, резервоари, брани, пристаништа, канали за иригациони системи, каптажи и шахти.Ја згуснува структурата на бетонот со што го прави непропусен и цврст. Потрошувачка: се додава 2% од тежината на бетонот

Цена
535ден/5кг
hidrozim_ikona.png
Хидрозим

Хидрозимот е адитив предвиден за работа во зимски услови.Со негова употреба во градежните материјали се оневзоможува мрзнење на истите. Додаток изработен на основа на нитратни соединенија. Се применува при бетонирање и малтерисување на ниски температури. (до -20 C) Потрошувачка: се додава 1% од масата на бетонот

 

 

Цена
160ден/1.5кг 610ден/7кг

 

Бесплатна испорака за сите градови во Македонија за сметки над 10.000 ден. Доплата на карго за сметки под 10.000 ден.  

Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.  

За референци и препораки погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.